
ТРИБИНА (01 Април 2006, 12:31)
Со задоволство Ве информираме дека во склоп на
манифестацијата “Пролетен Ден во Европа“, која се одржува веќе четврта
година и претставува традиција со која македонската младина го презентира
своето мислење за нивната иднина. Oваа година настаните ќе бидат
дел од кампањата “Сите исти, сите различни“ која е иницирана од
Советот на Европа и ќе се случува 365 дена.
Во склоп на таа кампања ќе биде организирана јавна
дискусија/трибина на тема “Исти визи, за различна младина”.
Настанот ќе се одржи во Гимназија “Јосип Броз Тито” на 06.04.2006
(четврток), со почеток во 12:00 часот.
На оваа трибина ќе бидат поканети Претставник од
Министерство за надворешни работи; Претставник од Европска комисија;
Претставник од Агенција за млади и спорт и Претставник од НВО Секторот
во Македонија.
Организатори и оваа година се: Балкан ИДЕА
Скопје, Младински Образовен Форум, AEGEE Скопје, Млади Европски
Федералисти и AIESEC Македонија.

Проектната коалиција Пролетен ден во Европа, составена
од младинските организации АЕГЕЕ, Младински образовен форум, Балкан
ИДЕА, Млади европски федералисти и AIESEC, оваа година ги видоизмени
активностите на проектот.
Тргнувајки од потребата младите да иницираат и активно да се вклучат
во дискусии и дебати за иднината на ЕУ, проектот ке биде конципиран
во таа насока. Но, за да не ги заборавиме убавите моменти на дружење
и забава од хепенинзите во изминатите 3 години,
Ве покануваме на Пролетно диско во Европа,
BE TWO, 26.03.2006 [недела],
СТАРТ 22:00 часот
Вести 2005 година
|