Пролетен Ден во Европа 2005

 

Организатори
АЕГЕЕ-Скопје
BalkanIDEA Skopje
Mladinski Obrazoven Forum
Mladi Evropski Federalisti
Poddrzuvachi
zazabava
Град Скопје
Медиумски Покровители Sponzori
Дневник
Вест
Утрински весник
Соработници
Жонглери

 

 

Млaдите имаат визија, биди и ти дел од неа! 
Пролетен ден на Европа, 23 март, Школка, Градски Парк Скопје
Почеток - 10 часот,

 

Што е пролетен ден?  

       Со особено задоволство Ве информираме дека во рамките на проектот "Пролетен ден во Европа" ќе се одржи целодневна културно-забавна манифестација во Градскиот Парк Скопје, на 23 март 2008 година (недела) со почеток од 10 часот.
       Проектот "Пролетен ден во Европа" започна да се организира во Брисел пред неколку години. По иницијатива на поранешниот Претседател на Република Македонија, г-дин Борис Трајковски, почна одбележувањето и во нашата држава и традиционално продолжува до денес.
Главна цел на оваа манифестација е да се доближиме до европскиот амбиент, да иницираме дебата за иднината на нашата земја во Европска Унија.       Пораката која ние младите сакаме да ја пратиме со оваа манифестација најјасно се согледува од изјавата објавена во медиумите пред неколку години:.
“Сакаме Европа без граници. Безбеден дом и безгрижно детство. Перспектива и развој на државата, посреќна иднина за секој жител во Македонија. Да нема омраза, војни, крвопролевања. Ни треба земја во која ќе нема поделба, во која не е важно дали си Македонец, Албанец, Турчин или Србин Земја во која сите во Македонија ќе живеат заедно едни покрај други, рамноправни тука, но и рамноправни во Европа. Ни треба општество кое ќе ни нуди образование, вработување, размена на искуства со младите од соседството, со младите од цела Европа”.
(Утрински весник,22.03.2004 година)

            Организатори на овогодишниот настан се: АЕГЕЕ-Скопје, БалканИДЕА Скопје, Младински Образовен Форум и Млади Европски Федералисти.
Вашата поддршка на манифестацијава би имала огромно значење за нас организаторите и за целиот проект. Ќе биде израз на Вашата определба за партнерство со невладините организации во остварувањето на евроинтеграциските стремежи на Република Македонија.

flaer

Покровител

претседател на РМ

Донатори
Агенција за малди и спорт
Европска Комисија
Спонзори
fon
NLB
Медиумски Покровители Sponzori
Радио Бубамара
Antenna5
City Radio
Сите права задржани. © 2005-2008 Организациски Одбор - Скопје